Background

Подводен дрон погоди танкер кој пловел под либериско знаме

Голем пожар избувна вчера вчерта на танкер за превоз на сурова нафта во Црното Море, во близина на градот Сочи, откако, според руските власти, бродот бил погоден од беспилотно пловило.

Станува збор за танекрот „Афримакс рио“, кој плови под либериско знаме, изграден во 2004 година. Рускиот транспортен сектор соопшти дека по нападот избувнал пожар, а нафтата горела на отворено во морето. Сите 23 членови на екипажот, индиски државјани, биле спасени и според досега објавените информации нема повредени.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат големи пламени јазици околу танкерот и густ црн чад кој се гледа од брегот на Сочи. Подоцна беа објавени и снимки на кои се гледа како гори нафта на морската површина. Поради пожарот, властите привремено го ограничија пристапот до плажите и крајбрежните подрачја во Сочи и соседната територија Сириус, а спроведен е и мониторинг на воздухот и водата.

- Advertisement -
Ad image

Руското Министерство за транспорт соопшти дека пожарот во почетокот бил премногу интензивен за спасувачите безбедно да му се приближат на бродот. Планот бил гаснењето да почне откако ќе се намали интензитетот на огнот и ќе биде можно безбедно приближување на спасувачките пловила. Подоцна беше соопштено дека пожарот е ставен под контрола.

Танкерот „Афримакс рио“, долг 247, а широк 42 мметри, со носивост од 107 тони, е сопственост на компанија регистрирана на Ммаршалските Острови. Од февруари годинава се наоѓа на украинската „црна листа“, како еден од бродовите што Киев ги поврзува со таканаречена руска „фантомска флота“. Сепак, бродот не е на листата за санкции на Европската Унија и сојузниците на Украина.

Достапните податоци покажуваат дека „Афримакс рио“ во изминатите години повеќепати превезувал руска нафта. Бродот бил регистриран на руските пристаништа Уст-Луга, Новоросијск и Таман, а меѓу неговите дестинации се појавуваат Индија, Сингапур и Саудиска Арабија. Податоците за неговите претходни пловидби потврдуваат, на пример, рута „Новоросијск–Рабиг“ во мај и јуни годинава.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи и во дел од руските извори се појави информација дека танкерот во моментот на инцидентот превезувал сурова нафта од Новоросијск кон Индија и бил речиси целосно натоварен. Точната количина на нафта што се наоѓала во танкерот во моментот на пожарот исто така не е официјално објавена.

Руските власти соопштија дека сурова нафта горела на морската површина, откако дошло до истекување или излевање на товарот. Обемот на истекувањето и евентуалните последици врз морето засега не се прецизирани.

Москва тврди дека причината за пожарот е „напад со беспилотно пловило“, но Украина досега ја нема преземено одговорноста.

Инцидентот се случува во период на зголемени ризици за комерцијалното бродство во Црното Море. Истиот ден беа пријавени напади врз два трговски брода во бугарската економска зона, при што еден брод потона, а друг беше оштетен и се запали. Сепак, засега нема потврда дека двата настани се директно поврзани.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖