Македонската влада сè уште чека одговор од официјална Софија по барањето за средба на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со бугарската колешка Велислава Петрова Чамова.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема официјален одговор од Бугарија.
На прашањето што очекува од евентуалната средба, одговори дека не очекува ништо.
– Имајќи ја предвид мојата анализа, којашто вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, ќе бидам дипломатски некоректен, а имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо, очекувам некој дијалог ‘пул а сајд’, ние така го викаме, на коњопој – рече премиерот Мицкоски.
На 8 октомври Софија ќе биде домаќин на меѓународна министерска конференција посветена на Коридорот 8, кој ќе го води министерката Петрова, а ќе присуствува и министерот Муцунски. Идејата да се побара билатерална средба меѓу Муцунски и Петрова на премиерот Мицкоски му ја даде претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во петокот го посети Скопје. Целта на таква средба е да се бара начин да се одглави евроинтеграцискиот процес на Македонија, кој е стопиран поради тоа што Скопје не сака да го преземе следниот чекор, уставните измени, без гаранции дека Бугарија во натамошниот процес на преговори нема да стави ново вето или дека нема да настапи со нови уцени со кои се засега македонскиот национален идентитет.
Tagged as:
Софија сè уште не одговорила на барањето за средба меѓу Муцунски и Петрова
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
