Background

МAДОНА ЈА КУПИ ВИЛАТА НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ЗА 25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Анџелина Џоли ја продаде својата историска вила во Лос Анџелес за 24,75 милиони долари, а како купувач во повеќе медиуми се наведува Мадона. Иако идентитетот на новиот сопственик сè уште не е официјално потврден во јавните имотни записи, поп-ѕвездата уште во август покажала интерес за имотот и нејзиниот тим организирал видеоразгледување на вилата.

Станува збор за раскошниот имот во населбата Лафлин Парк во Лос Фелиз, на околу 2,1 хектари земјиште. Џоли ја купила куќата во 2017 година за 24,5 милиони долари, само неколку месеци откако поднела барање за развод од Бред Пит. Во мај годинава ја понудила за речиси 30 милиони долари, но на крајот е продадена за 24,75 милиони.

Имотот е особено интересен поради неговата историја. Куќата некогаш му припаѓала на легендарниот холивудски режисер Сесил Б. Демил, еден од пионерите на американската филмска индустрија. Главната куќа е изградена во 1913 година, а Демил го купил имотот во 1916 година. Подоцна го купил и соседниот дом, кој бил поврзан со Чарли Чаплин, па двата имота ги споил во поголем комплекс.

- Advertisement -
Ad image

Главната резиденција има нешто повеќе од 1.000 квадратни метри. Има шест спални соби и десет бањи, голема кујна, библиотека, свечена трпезарија со махагони, дневна соба и повеќе камини. На имотот има и куќа за гости, куќа покрај базенот, чајна куќичка, теретана, гаража, винска визба и дури скриена куќичка на дрво.

Џоли особено ја сакала библиотеката. Во интервју за „British Vogue“ во 2021 година вели дека најмногу ѝ се допаѓа тоа што домот нема класична просторија за забава, туку има многу патеки и места каде што може да шета и да размислува. Имотот се наоѓа на една од највисоките точки во затворената населба Лафлин Парк и нуди поглед кон Холивуд Хилс и опсерваторијата „Грифит“.

Мадона, според претходните извештаи, не можела лично да ја разгледа вилата бидејќи не била во Лос Анџелес. Наместо тоа, нејзини претставници контактирале со агентите и била организиран видеообиколка. Тогаш извор за „New York Post“ изјавил: Луѓето на Мадона се јавија и разгледувањето беше договорено.

Џоли, пак, со продажбата го затвора поглавјето од животот во Лос Анџелес. Таа претходно кажала дека планира да го напушти градот откако нејзините најмлади деца, близнаците Нокс и Вивиен, ќе наполнат 18 години. Тие во јули годинава станаа полнолетни. Џоли сега планира повеќе време да поминува во странство, вклучително и во Камбоџа, каде што има дом.

Интересно е што Џоли со продажбата практично не остварила голема заработка. За вилата во 2017 година платила 24,5 милиони долари, а сега ја продала за 24,75 милиони. Тоа е само 250.000 долари повеќе, без да се земат предвид даноците, трошоците за одржување и вложувањата во имотот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖