Background

Хали Бери остро ги отфрли обвинувањата на нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез дека физички го нападнала нивниот 13-годишен син Масео

Хали Бери остро ги отфрли обвинувањата на нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез дека физички го нападнала нивниот 13-годишен син Масео. Актерката преку својот адвокат порача дека неговото барање за ограничување на нејзиниот контакт со синот е „целосно неосновано и намерно доведува во заблуда“.

Мартинез минатата недела побара привремена мерка за заштита, тврдејќи дека Бери на 26 септември физички го нападнала Масео додека момчето играло видеоигра со ВР-наочари во нејзиниот дом. Наводно, таа скокнала врз синот, го фатила за врат и го давела, а потоа тој му се јавил на татко му и побарал да дојде да го земе.

Мартинез тврди и дека тоа не бил изолиран случај, туку дека во изминатите години имало и други наводни физички напади врз нивниот син, како и вербално и емоционално малтретирање. Тој побарал целосно старателство над Масео и ограничување на контактот на Бери со него.

- Advertisement -
Ad image

На 1 октомври судот во Лос Анџелес одобрил привремена заштитна мерка која се однесува и на Мартинез и на Масео. Бери сепак не добила целосна забрана за контакт со синот. Нејзините посети привремено се ограничени на одредени денови и часови, до сослушувањето закажано за 16 октомври. Судијата, истовремено, го одбил барањето Мартинез да може да бара тестирање на Бери за трезвеност, наведувајќи дека за тоа нема доволно информации.

Во својот одговор, Бери дала поинаква верзија на случувањата. Таа тврди дека Масео играл со ВР-наочари во својата соба, а таа влегла за да му каже да престане. Подоцна, според нејзиното сведоштво, дошло до игра и физичко шегување меѓу нив, но таа категорично негира дека го фатила за врат или дека му го ограничувала дишењето.

– Никогаш не би го повредила нашето дете – нагласила таа.

Адвокатката на Бери, Марина Бек, во изјавата посочила дека постојат бројни докази и судски одлуки за однесувањето на Мартинез, вклучително и наводи дека тој прекршувал судски налози и се мешал во потребната терапевтска и образовна поддршка за нивниот син. Бери во своето последно поднесување, исто така, го обвинува Мартинез дека се обидува да влијае врз Масео и да го сврти против неа.

Бери и Мартинез се венчаа во 2013 година, а нивниот развод беше финализиран во 2023 година по долгогодишна правна битка. Тогаш се договорија за заедничко правно и физичко старателство над Мацео, а Бери се обврза да плаќа и 8.000 долари месечно за издршка на синот. Новиот судски спор повторно го отвори прашањето за нивниот договор за старателство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖