Background

Филипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитет

Филипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитет.

🎙️Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Христијан Мицкоски за наводната загрозеност на македонскиот идентитет.

„Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата“, рече Филипче.

Тој потсети на изјавите и ветувањата на Мицкоски за Преспанскиот договор и на потврдата дека договорот го штити националниот идентитет.

„Велеше, идентитетот е загрозен, ќе го поништиме Преспанскиот договор. И што направи човекот? Ништо. Кажа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката Гордана Сиљановска потврди дека Преспанскиот договор го штити нашиот национален идентитет“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Филипче нагласи дека се потврдени ставовите што СДСМ ги застапува за заштитата на македонскиот идентитет и јазик а лагите на Мицкоски се целосно потопени.

„Јасно е дека овие луѓе со лага дојдоа на власт, глумејќи патриоти, и сега со лаги сакаат на власт да останат. Се потврди сè што зборувавме досега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека задржувањето на државата во изолација ги загрозува нејзината иднина и интересите на граѓаните.

„Не напредуваме, стоиме во место. Поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат. Ние тонеме во сиромаштија. Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖