САД ги повлекоа своите бомбардери Б-1 од британската воздухопловна база „Ферфорд“, една недела по апсењето на неколку лица под сомнение за подготовка на терористички напади, соопшти претставник на Пентагон.
Дванаесет бомбардери Б-1 беа распоредени во базата на британските Кралски воздухопловни сили „Ферфорд“, северозападно од Лондон. Авионите беа користени во американските напади врз Иран.
„Иако оперативната безбедност не ни дозволуваше во реално време да го потврдиме преместувањето на нашите сили и опрема, сега можеме да потврдиме дека сите американски бомбардери распоредени во ‘Ферфорд’ се вратија во своите матични бази во САД“, објави портпаролот на Пентагон.
Британскиот премиер Енди Барнам во средата изјави дека Велика Британија располага со „сериозни индикации“ за можно иранско учество во наводен заговор против базата. Иран ги отфрли како неосновани обвинувањата за поврзаност со наводниот план и го повика британскиот амбасадор во Техеран на разговори.
Весникот Волстрит џурнал прв објави дека авионите биле повлечени од базата поради безбедносни опасности поврзани со наводни терористички планови против објектот.
Британската Влада претходно им одобри на САД да ги користат бомбардерите распоредени во „Ферфорд“ за напади врз иранските ракетни позиции од кои иранската војска ги напаѓаа бродовите во Ормускиот Теснец.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека осомничените планирале да предизвикаат „голема штета“, додека државниот секретар, Марко Рубио, спомена „вмешаност на странски фактор“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
