Background

Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност

Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност.

На прес-конференција на тема „Празниците во Македонија и нивното влијание врз економијата“, Комората ќе ја претстави анализата на постојниот систем на празници во државата, како и споредба на бројот на неработни денови по основ на државни празници во земјава и во други европски земји во текот на 2026 година.

Стопанската комора смета дека големиот број на неработни денови во државата создаваат проблеми за работодавачите.

- Advertisement -
Ad image

Според Комората, бројните неработни денови создаваат сериозни проблеми во работењето на компаниите и ја намалуваат продуктивноста.

Стопанската комора и претходно бараше преиспитување на бројот на неработни денови, оценувајќи дека нивниот голем број создава проблеми за работењето на компаниите. Во 2022 година Комората поднесе и иницијатива до Уставниот суд за „недела-неработен ден“, со која се бараше на работодавачите да им се овозможи да бараат од вработените да работат и во недела, но Судот ја отфрли иницијативата и недела остана неработен ден.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖