Background

Нова дива сеча во НП Галичица: над 100 м³ исечени дрва кај Петрино, а ренџерот од Отешево Узановски ја смени изјавата

Вчера ОхридСкај објави за незаконитата сеча на дрвна маса во атарот на Отешево, во Националниот парк Галичица. Настанот, сепак, не е единствен.

Според информациите на редакцијата, незаконита сеча од над 100 м³ дрвна маса е извршена и во атарот на Петрино, повторно во строго заштитена зона на паркот. Сторителот, засега, е непознат.

Што се однесува на сечата во Отешево, како што објави ОхридСкај, вработениот ренџер во НП Галичица, Лазо Узановски од село Стење, најнапред ја признал вината на лице место. Следниот ден, според сознанијата на редакцијата, тој ја променил изјавата и тврди дека не е сторител, а дека претходниот ден се „зафркавал“.

- Advertisement -
Ad image

Но, дури и да негира директно учество во сечата на 60 м³ дрвна маса, обврските на ренџерот произлегуваат од неговото работно место. Согласно Законот за заштита на природата, непосредната заштита на заштитените подрачја ја спроведува чуварска служба, а припадниците на чуварската служба при вршењето на службената должност носат службена униформа и опрема и својот идентитет го докажуваат со службена легитимација. Законот им дава и конкретни овластувања за спречување на штетни активности и нарушувања во заштитеното подрачје (членови 108, 109 и 111).

Узановски е вработен во Националниот парк Галичица на работно место Ренџер, со седиште во деташираната дирекција во село Стење. Како Ренџер, тој е должен секојдневно да врши контрола во паркот. Затоа е тешко да се поверува дека, ако не е сторител, не видел кој последователно вршел дива сеча на огревно дрво, при тоа во делот на пристапен пат во паркот.

Сечата на стебла во шума без одобрение е кривично дело „шумска кражба“, предвидено во член 100-а од Законот за шумите. Според став 1 од тој член, тој што во шума ќе собори, исече, ископа или на друг начин противправно присвои едно или повеќе стебла, се казнува со казна затвор од најмалку три години. Според став 2, сторителот се казнува со затвор од најмалку пет години ако делото е извршено со намера дрвото да се продаде, ако се соборени повеќе од еден просторен метар дрва, или ако е извршено во шуми во заштитените подрачја,како што во наведениот случај станува збор за Национален Парк. Истата казна од најмалку три години се однесува и на оној што носи или превезува стебла без шумски жиг, одобрение за сеча и испратница. Обидот исто така е казнив, а средствата и предметите употребени за делото се одземаат. Дали ќе се утврди одговорност, и чија, ќе одлучат надлежните органи.

Очекуваме надлежните органи да излезат со официјално соопштение и да не го прикриваат настанот, бидејќи Националниот парк е јавно добро од светско значење.

П.С.До редакцијата стигнаа и нови обвинувања за криволов во рамките на НП Галичица,со особен акцент на лов на Срна и Елен.Од како редакцијата ќе изврши проверка на информациите ,истите ќе бидат објавени

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖