Background

Цените на енергенсите во Европа нагло растат

Европската Унија разговара за ослободување на стратешките резерви на дизел во обид да ги намали глобалните цени на енергенсите, откако американската администрација на претседателот Доналд Трамп соопшти дека размислува за забрана на извозот на дизел со цел да изврши дополнителен притисок врз ЕУ.

– Разговорите се во тек, се одржуваат телефонски разговори“, изјави денеска портпаролка на Европската комисија, додавајќи дека ЕУ ја координира својата позиција во врска со можното ослободување на резервите, но дека конечната одлука ќе треба да ја донесе Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

– Целосно отфрламе каква било забрана за дизелот. Забраната никому нема да му биде од корист – изјави портпаролката на Комисијата.

- Advertisement -
Ad image

Наглото зголемување на цените на дизелот и бензинот го натера американскиот претседател Доналд Трамп да размислува за запирање на извозот на дизел во ЕУ. Американскиот министер за финансии Скот Бесент вчера изјави дека Европа треба „веднаш да стави дополнителни количества на располагање“ за да ги намали цените.

Портпаролката додаде дека експертска група претходно оваа недела заклучила оти „нема непосреден проблем со безбедноста на снабдувањето во Европската Унија“, но дека ЕУ се соочува со „криза во поглед на достапноста на енергијата“.

Лидерите на Г-7, групата на водечки светски економии, во која се вклучени и САД, треба да разговараат за глобалната енергетска состојба на видеоконференција, соопшти кабинетот на францускиот претседател. Францускиот претседател Емануел Макрон во текот на ноќта разговарал со Трамп за ова прашање.

Според Европската комисија, цените на дизелот во Европа се удвоиле од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, додека цените на гасот се зголемиле за 140 отсто.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖