Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на дскотеката „Пулс“, Дејан Јованов Деко, реагираше на новата истрага за поткуп и повторното определување притвор за нејзиниот клиент. Таа оцени дека одлуката на Обвинителството за нова истрага била однапред подготвена.
Коцевска рече дека не е изненадена, но е вознемирена од тоа што новата истрага е отворена непосредно пред истекот на законскиот рок во кој Јованов можеше да остане во притвор.
– Не сум изненадена, но сум вознемирена. Сметам дека ова е конструкција на Обвинителството, а одлуката за притвор, според мене, е однапред донесена – изјави Коцевска.
Законскиот рок за притворот на Јованов по обвинението за пожарот во „Пулс“ истекува утре, по што тој требаше да биде пуштен. Но, со отворањето на новата истрага, овој пат за поткуп, тој доби нов притвор.
Новата истрага е за сомневања дека Јованов дал поткуп на вработен во Министерството за економија со цел да добие лиценца за работа, иако, според ОЈО ГОКК, бил свесен дека објектот „Пулс“ не ги исполнува законските услови.
Адвокатката смета дека прашањата поврзани со лиценцата и со исполнувањето на условите во објектот веќе се предмет на разгледување во постапката поврзана со пожарот во кочанската дискотека.
– Овие наводи веќе се дел од расправата во предметот за трагедијата во „Пулс“. Сметам дека под притисок на јавноста се отвора нова истрага, која претставува конструкција и измислица – рече Коцевска.
Јованов денеска доби нов 30-дневен притвор, а утре треба да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка.
Tagged as:
КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е ОДНАПРЕД ДОНЕСЕНА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
