Дива сеча на шума во срцето на Националниот парк Галичица, на преспанскиот дел од паркот, ја извршил вработен ренџер во самиот парк.
Како што дознава редакцијата, управата на Националниот парк Галичица добила сознание дека во атарот на локалитетот Отешево, во границите на националниот парк, е извршена дива сеча на дрвна маса.
По излегувањето на терен, на местото на настанот е затечен ренџерот Л. У. од село Стење, кој најпрво признал дека дрвата ги исекол тој, и дека такво нешто се правело секоја година, а покасно истиот дал спротивна изјава!
На лице место е затечена дрвна маса од околу 60 м³, исечена без никаква дозвола.
Сечењето дрва во националните паркови е строго забрането според Законот за заштита на природата, а за прекршокот или кривичното дело се предвидени санкции.
Од управата на паркот сеуште не е соопштено кои мерки ќе бидат преземени против ренџерот, ниту дали случајот е пријавен до надлежните институции.
Национален Парк Галичица е заштитено подрачје со исклучителна биолошка и природна вредност, а нелегалната сеча директно ја загрозува шумската екосистема и биодиверзитетот на паркот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
