Background

РУБИО ИМ РЕКОЛ НА ИРАНЦИТЕ „ЗАМИНЕТЕ ОД САД“

Американскиот државен секретар Марко Рубио ѝ наредил на иранската делегација да го напушти Њујорк порано од планираното по завршувањето на Генералното собрание на Обединетите Нации, потврдија двајца американски функционери за порталот Аксиос.

Техеран, пак, тврди дека никакво протерување немало и дека делегацијата заминала според однапред утврден распоред.

Меѓу оние кои требало да заминат бил и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

- Advertisement -
Ad image

Рубио ја донел одлуката во понеделникот, откако индиректните разговори меѓу Вашингтон и Техеран не донеле значителен напредок.

Според еден од американските функционери, Иранците веќе го „пречекориле гостопримството“.

– Генералното собрание на ОН заврши, па беше време да си одат – изјавил американски функционер.

Разговорите заглавиле, Рубио пресекол

Арагчи останал во Њујорк и по заминувањето на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Причината биле индиректните контакти со САД за војната, Ормускиот Теснец и иранската нуклеарна програма.

Катарските посредници во текот на викендот се обидувале да ги приближат позициите на двете страни.

До понеделник попладне, сепак, станало јасно дека разговорите се заглавени.

Тогаш, според американските извори, Рубио пресекол.

Американската мисија при ОН, по негов налог, ја известила иранската мисија дека Арагчи и неговата делегација треба веднаш да го напуштат Њујорк.

Иранските претставници заминале кон аеродромот неколку часа подоцна. Рано во вторникот отпатувале од Њујорк за Доха.

„И онака си одевме“

Иранската верзија на приказната е сосема поинаква.

Мисијата на Иран при ОН демантира дека Вашингтон ја протерал делегацијата и тврди дека нејзиното заминување било планирано однапред.

Според Техеран, распоредот за патувањето уште на 17 септември му бил доставен на американскиот Стејт департмент.

„Иранската делегација го напушти Њујорк во согласност со распоредот кој однапред му беше соопштен на Стејт департментот“, соопшти иранската мисија.

Иранците ги нарекоа американските тврдења „неосновани и безвредни“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖