Background

Џим Кери (64) се ожени со својата долгогодишна партнерка Мин Ах (32) на приватна церемонија во Лос Анџелес

Џим Кери (64) се ожени со својата долгогодишна партнерка Мин Ах (32) на приватна церемонија во Лос Анџелес, потврди неговиот портпарол за „People“. Венчавката се одржала на 30 септември.

Кери и Мин Ах првпат биле фотографирани заедно во Лос Анџелес во февруари 2022 година, но дури оваа година официјално се појавија како пар. Тоа се случи во февруари на доделувањето на француските филмски награди „Цезар“ во Париз, каде што Кери ја прими почесната награда.

Во својот говор, актерот ѝ посвети посебни зборови на Мин Ах, нарекувајќи ја своја „прекрасна придружничка“. Тој на француски им се заблагодари на семејството, на својата ќерка Џејн и на внукот Џексон, а потоа ѝ порача на Мин Ах дека ја сака.

- Advertisement -
Ad image

Ова е трет брак за 64-годишниот актер. Од 1987 до 1995 година, Кери беше во брак со Мелиса Вомер, со која ја има ќерката Џејн, а во 1996 година се ожени со актерката Лорен Холи, со која се разделија една година подоцна.

Интересно е што Кери во минатото зборуваше дека не планира повторно да се ожени. Во интервју од 2008 година изјави дека, откако двапати бил во брак, треба да престане. Дури и во 2024 година повторно кажа дека бракот во тој период од животот не му изгледа неопходен.

За Мин Ах се знае дека е актерка и уметница која живее и работи во Лос Анџелес, а Кери со години успеваше да ја држи нивната врска далеку од медиумите. Детали за самата венчавка засега не се објавени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖