Можен е уште еден ребаланс на државниот буџет до крајот на годината, затоа што поради мерките за контрола на цената на горивата се очекува кусокот во буџетот да изнесува до 7 милијарди денари (113, 4 милиони евра) од планираните средства, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Според него, инфлацијата во Македонија е под контрола.
– Не би рекол дека кај нас инфлацијата има голем замав, два месеца по ред е, условно кажано, контролирана и е под европскиот просек. Во јули беше 2,3 проценти, во август 2,6, ќе видиме како ќе биде во септември. Сè што е во рангот на 2 до 3 отсто е во рамки на очекуваното. Предизвик е неизвесноста околу испораката на нафтата и нафтените деривати, цените на берзите и мерките што ние ги имплементираме како Влада, за да го одржиме најниското ниво на цени во Европа. Тоа нас ќе нè чини, само по основ на акцизата, околу 5 милијарди денари, што за буџет како нашиот е огромна жртва, а поради намалениот ДДВ и уште некоја милијарда повеќе. Нашите проценки се околу 6 до 7 милијарди денари и затоа, се разгледува можноста за уште еден ребаланс. Но, наш приоритет како Влада е да го задржиме стандардот на граѓаните, да ја држиме инфлацијата под контрола и да ја задриме најниската цена на горивата – истакна Мицкоски, по пуштањето во употеба на реновираниот студентски дом „Стив Наумов“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
