Background

ОСМООДДЕЛЕНЕЦ УБИ НАСТАВНИЧКА ВО СЛОВАЧКА

Во основно училиште во словачкиот град Сташков, ученик од осмо одделение нападнал две наставнички и една ученичка со нож. Една наставничка (61) починала од повредите, а двете други нападнати лица биле повредени и биле префрлени во болница.

По пријавувањето на нападот, полицијата и службите за итни случаи, вклучувајќи две амбулантни возила и два хеликоптера за спасување, биле испратени во училиштето.

Портпаролката на службата за итна медицинска помош, Петра Климешова, потврди дека нападнатата ученичка била префрлена со хеликоптер во болницата во Мартин во критична состојба. Второто повредено лице, 44-годишна наставничка, претрпела убодна рана во градите. По прва помош на местото на настанот, и таа била префрлена со хеликоптер во болницата во Жилина. Третата жртва на нападот, 61-годишна наставничка, починала од повредите.

- Advertisement -
Ad image

Словачката полиција потврди дека спроведува истрага и ја замоли јавноста да не шири непотврдени информации.

Местото на настанот го посетија министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток, министерот за образование Томаш Дракер и министерот за здравство Камил Шашко. Главниот обвинител на Словачка, Марош Жилинка, изјави дека трагедијата е повик до целото општество посериозно да се соочи со насилството, омразата и растечката агресија.

Ученичкиот совет изрази солидарност со учениците, наставниците и семејствата погодени од нападот. Тие изјавија дека училиштата мора да бидат безбедни места и повикаа на систематско решение за прашањето на безбедноста во образовните институции. Полицијата ја продолжува истрагата и ќе објави повеќе детали за околностите на нападот откако ќе заврши истрагата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖