Background

Ќерката на Бен Афлек се подбива со љубовниот живот на татко ѝ

Бен Афлек откри дека неговите деца често се шегуваат на негова сметка, особено кога станува збор за неговиот љубовен живот. Актерот, кој гостуваше во емисијата „Jimmy Kimmel Live“, раскажа како 17-годишната Серафина го спуштила на земја токму кога се обидел да им даде совет за врските.

Афлек има три деца со поранешната сопруга Џенифер Гарнер – 20-годишната Вајолет, 17-годишната Серафина и 14-годишниот Семјуел.

– Децата за време на вечерата разговараа за пријателите, драмите и врските. Бидејќи имам одредено животно искуство, помислив дека би било добро да споделам некоја лекција со нив. Тоа се работите што се обидуваме да им ги пренесеме на нашите деца – раскажа Афлек.

- Advertisement -
Ad image

Но, штом се вмешал во разговорот, 17-годишната Серафина веднаш му возвратила.

– Реков: Гледајте, работата со таа врска и таа личност е…, а мојата 17-годишна ќерка само се сврте кон мене и праша: О, а ти да не си некаков експерт за врски? – раскажа актерот низ смеа.

Но, тоа не било единственото потсмевање на негова сметка. Афлек раскажа и што се случило кога тој и Серафина заедно биле во книжарница.

Таму нашле книга од француски автор со наслов „Жал ми е за сè“. Ќерката сериозно го погледнала татка си и му рекла: Гледај, тато, твојата автобиографија.

Афлек признал дека неговите деца повеќе не го гледаат како „кул татко“. Неговите совети и приказни на семејните вечери сега им се материјал за шеги.

– Сфатив дека повеќе не станува збор само за еден тинејџер кој превртува со очите. Штом ќе почнам нешто да зборувам за време на вечерата, ги фаќам како се погледнуваат меѓу себе – вели тој.

– Тогаш сфаќам дека јас сум карикатурата во таа приказна. Гледам на нивните лица дека мислат: Еве, тато повторно почнува. Не можев ни да замислам дека нема да бидам кул татко. Но, ете, така испадна – додава Афлек.

Актерот зад себе има два брака. Со Џенифер Гарнер беше во брак 13 години, а нивниот развод беше финализиран во 2018 година. Подоцна ја обнови врската со Џенифер Лопез, со која првпат беше во врска на почетокот на 2000-тите. Тие се венчаа во 2022 година, а разводот беше финализиран во 2025 година.

Во текот на годините Афлек беше во врски и со продуцентката Линдзи Шокус, како и со актерките Ана де Армас и Гвинет Палтроу.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖