Background

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот придонес во биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка.

Примајќи го ова високо признание, Мојсов преплавена од емоции и со трепет во гласот, се заблагодари за укажаната чест.

– Јас сум без зборови. Многу ви благодарам – рече таа.

- Advertisement -
Ad image

Говорејќи за импресивната биографија на Мојсов, претседателката истакна дека иако судбината ја однела во САД, со гордост кажуваме дека е Македонка, родена во Скопје.

– Денес, ние имаме голема среќа и помалку незаслужена чест да се заблагодариме за големото дело на една научна хероина – Светлана Мојсов, професорка на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк, во САД. Судбината решила таа да биде и „наша“ – Македонка, родена во Скопје, во Македонија. Нејзиното потекло го потврдува принципот дека судбината и космичката мудрост никого не дискриминираат, па и на малите заедници им подаруваат големи луѓе. Нејзините први претстави за стварноста, сензибилитетот за животот, се формирале овде, во овие простори во кои, наспроти сегашната скромна состојба, сè уште трае одекот на една длабока интелектуална, духовна и просветителска традиција. Затоа, ние мислиме дека имаме право да ја наречеме и „наша“, и да ѝ се заблагодариме и да се гордееме со неа и со нејзиното грандиозно дело од значење за светската наука – додаде Сиљановска-Давкова.

Таа ѝ се заблагодари на Мојсов, искажувајќи наклон за нејзиното грандиозно дело од значење за светската наука.

– Денес, со ова највисоко државно одликување – Орденот „8 Септември” ѝ оддаваме признание и благодарност за нејзиниот фундаментален придонес кон развојот на македонската наука во светски рамки и кон македонската афирмација во највисоките меѓународни интелектуални кругови. Со своето научно дело и меѓународно признание, таа даде непроценлив придонес и нè задолжи како држава – истакна претседателката на денешната церемонија.

Светлана Мојсов е родена на 8 декември 1947 г. во Скопје каде што завршила основно и средно образование. Високото образование го завршила на Природно-математичкиот факултет, насока физичка хемија, на Универзитетот во Белград каде што дипломирала во 1971 г. Во 1972 г. се запишала на докторски студии на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк. Работела под менторство на нобеловецот Брус Мерифилд. Работела на синтеза на пептиди. Методата која ја развивала со нејзиниот ментор придонела во созревањето на биохемијата како наука којашто во тоа време сè уште не е доволно етаблирана. Како резултат од нејзината повеќегодишна макотрпна научно-истражувачка работа произлезени се дури 10 значајни патенти. Таа е добитничка на бројни светски награди и признанија.

Македонската научна јавност во знак на длабока благодарност и на признание за нејзиното научно дело, ѝ ја додели Светската награда на хуманизмот на градот Охрид, ја прогласи за почесен професор на Универзитетот „Американ колеџ” во Скопје, ја предложи за почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖