Игор Ивановски, познат меѓу сопартијците како „Шема”, повторно се обидува да се наметне како спасител на СДСМ. Проблемот е во тоа што токму тој, заедно со Андреј Петров, беше дел од раководната структура на партијата во моментот кога СДСМ доживеа тежок изборен пораз во 2024 година. Тогаш беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата, а денес истиот тој човек се обидува да излезе однадвор како реформатор. Она што дополнително буди сомнеж е неговата долгогодишна поврзаност со Бранко Црвенковски, кому му беше советник уште во периодот 2004 до 2006 година. Оттогаш Ивановски е сметан за „бранковист” во внатрепартиските кругови, а низ таа призма новото раководствено превирање наликува на обид Црвенковски повторно да се врати во игра, овој пат преку заобиколен пат. Тоа не е прв обид. Проектот „ЗНАМ”, преку кој Црвенковски се обиде директно да се врати на политичката сцена, пропадна без да освои сериозна поддршка на изборите. Оттогаш неговото име важи речиси за политички мртовец, партија без капацитет и без идни изгледи. Сега, преку „Шема” и платформата „12:05″, наместо директен настап на Црвенковски, се гради индиректен пат за повторно освојување влијание врз СДСМ, овој пат одвнатре, преку членство кое веќе еднаш беше разочарано. Прашањето кое треба да си го постави секој член и симпатизер на СДСМ е едноставно, зошто човек кој имаше моќ и позиција да го промени курсот на партијата пред и по изборите во 2024 година, а тоа не го стори, сега бара доверба однадвор, во моментот кога веќе нема партиска одговорност на плеќи. И зошто токму сега, кога Левица му испраќа симболични гестови на поддршка, а зад целата приказна лебди истото старо име, Бранко Црвенковски, кој веќе еднаш беше одбиен на изборите.
Tagged as:
а зад него стои сенката на Бранко Црвенковски? Кој уште верува во Шема
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
