Моментот на силната експлозија што утрово одекна во центарот на Атина е снимен од безбедносна камера во салата на соседен хотел. По експлозијата, старата зграда на улицата Лисикратус делумно се урнала.
На снимката, објавена од грчкиот портал „Protothema.gr“, се гледа моментот кога експлозијата одекнува со силен тресок. Во тој момент гостите на хотелот појадувале, а нешто по 7:30 часот наутро настанала паника.
Од силниот удар пукнале стаклата на прозорците во хотелската сала, по што исплашените гости почнале да трчаат кон рецепцијата.
Сопственичката на хотелот изјавила дека туристите во првиот момент помислиле дека станува збор за бомба. Еден пар дури ја напуштил хотелската соба, стравувајќи дека може да следува нова експлозија.
Размерите на разурнувањето се видливи и на снимките од местото на несреќата. Оштетени се околните објекти, продавници и куќи, а ударниот бран искршил прозорци на соседните згради и оштетил неколку паркирани автомобили.
Жители и минувачи сведочат дека експлозијата била исклучително силна и дека детонацијата се слушнала низ голем дел од центарот на Атина.
На улицата Лисикратус, во близина на раскрсницата со авенијата Василисис Амалијас, веднаш пристигнале голем број пожарникари, полицајци и екипи на итната помош.
Се истражува можно истекување на природен гас
Една од првите можни причини што ја разгледуваат надлежните е истекување природен гас во текот на ноќта. Сепак, ова засега не е официјално потврдена причина, а истрагата продолжува.
И заменик-градоначалникот на Атина задолжен за изградба, Парис Харлавтис, за грчката државна телевизија „ERT“ изјавил дека првичните индиции упатуваат на можен дефект или истекување природен гас во текот на ноќта.
Жители и луѓе кои се нашле во близина, исто така, зборувале за силен мирис на гас непосредно пред експлозијата.
Во текот на спасувачката операција пожарникарите спасиле две жени од соседна зграда. Станува збор за повозрасна жена и жена на околу 50 години, кои биле пренесени во болница на лекарска помош.
Еден маж, исто така, бил полесно повреден од парчиња и стакло кои биле исфрлени при експлозијата.
Во меѓувреме, спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините, бидејќи постоеле информации дека во објектот можеби имало луѓе во моментот на експлозијата. Според грчките медиуми, објектот имал станбен дел, а дел од просторот бил изнајмуван за краткорочен престој.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
