Светска банка ѝ одобри кредит од од 175 милиони евра на Србија за изградба на првата фаза од гасната инфраструктура низ Србија, објавија српските медиуми кои се повикуваат на изјава на министерката за рударство и енергетика во технички мандат, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
– Проектот вклучува изградба на првата делница од гасоводот Ниш-Велика Плана, отстранување на постојните тесни грла и овозможува пристап до гас од различни насоки на снабдување, односно подобрување на транспортната мрежа и зајакнување на безбедноста и отпорноста на снабдувањето со природен гас. Енергетската безбедност и зелената транзиција одат заедно, а гасот е транзициско гориво! Неизбежно е дека ќе ни треба повеќе енергија и затоа правиме сè за да им ја обезбедиме на нашите граѓани – се вели таа во објава на Инстаграм.
Гасоводот Ниш – Велика Плана е капитален енергетски проект во Србија чија изградба е во фаза на подготовка и обезбедување финансирање, со поддршка од Светската банка. Парите од кредитот на Светската банка се наменети за реализација на првата фаза, додека целиот проект е со проценета вредност од 1 милијарда евра.
За поврзување на овој гасен коридор со Македонија на Србија ќе треба да изгради уште еден дел до границата со земјава. Во август Македонија и Србија потпишаа договор за проектирање и изградба на меѓусебен интерконектор од Клечовце кај Куманово до Врање во Србија) со цел да биде целосно подготвен до 2028 година.
Гасоводот Ниш- Велика Плана е продолжение на таа рута низ територијата на Србија. Неговата улога е да го прифати гасот што доаѓа од југ (од Грција и Македонија преку Врање и Ниш) и безбедно да го транспортира кон централниот и северниот дел на Србија.
Гасното поврзувањето Грција- Македонија – Србија- Унгарија официјално се развива во рамките на европската регионална иницијатива наречена Вертикален гасен коридор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
