Советот на ЕУ ја стави поранешната шефица на медиумот „РТ“ во Франција, Ксенија Федорова, на списокот на санкционирани лица поради нејзината улога во, како што се наведува, „хибридни активности на Русија и манипулирањето со информации, со што се поткопуваат демократијата и стабилноста во Унијата“.
Како поранешна директорка на одделот за информации во телевизискиот канал „РТ Франција“, Федорова учествувала во спроведувањето и ширењето на уредувачката политика на медиумот, застапувајќи ги проруските ставови за руската воена агресија врз Украина, се наведува во соопштението на Советот.
Откако емитувањето на „РТ“ беше забрането во ЕУ, Федорова продолжи да шири пораки во француските медиуми, како „Си-њуз“ (CNews), „Јуроп 1“ (Europe 1) и „Журнал ди деманш“ (JDD), кои се совпаѓаа со ставовите на Кремљ во однос на војната во Украина, европската поддршка за Киев, НАТО и односите меѓу Русија и ЕУ, се посочува во соопштението.
Со денешната одлука, санкциите на ЕУ за дестабилизирачките активности на Русија опфаќаат вкупно 81 физичко лице и 20 организации. За сите нив се применува замрзнување на имотот, а на граѓаните и компаниите од ЕУ им е забрането да им ставаат на располагање финансиски средства или други економски ресурси.
Санкциите на ЕУ се насочени против лица и субјекти кои учествуваат во активности на Владата на Руската Федерација со кои се поткопуваат основните вредности, безбедноста, стабилноста, независноста и територијалниот интегритет на Унијата, како и против одговорните за хибридните активности на Русија насочени кон други држави и меѓународни организации, појаснуваат од Советот на ЕУ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
