Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Одлуката била донесена со мнозинство гласови, при што Судот се повикал на тоа дека за прашањето веќе било одлучувано во минатото.
– Судиите застанаа на ставот дека тоа е веќе пресудена работа и дека одлуката која е донесена пред три години, кога одредбите ги оспори лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, треба и сега да се донесе. Собранието има право да донесе законски одредби какви што донел во Изборниот законик. Јас имав поинаков став и издвоено мислење, бидејќи сметам дека тоа не е во ред – изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.
Во иницијативата партијата оспоруваше повеќе одредби од Изборниот законик и тврдеше дека начинот на распределба на медиумскиот простор и јавните средства за платено политичко рекламирање создава нееднаков третман меѓу политичките субјекти.
Од партијата остро ја критикуваа денешната одлука, оценувајќи дека Уставниот суд не ја исполнил својата улога како коректив на власта и обвинувајќи го дека го одржува постојниот модел на распределба на политичкото рекламирање.
Според одлуката на Судот, во сила остануваат одредбите од Изборниот законик кои, за потсетување, на последните локални избори помалите партии, како ЗНАМ и Левица, ги оставија без државни пари за изборните кампањи.
Tagged as:
ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
