Српскиот бизнисмен Бранко Бабиќ, кој јавно го поддржува претседателот Александар Вучиќ, упати навреди кон Новак Ѓоковиќ поради неговите јавни гестови поврзани со студентските протести во Србија.
Бабиќ особено го нападна тенисерот поради „пумпањето“ на Вимблдон, гест што во Србија се поврзува со студентското протестно движење.
– Се покажа толку лош. Не заслужуваше претседателот да го каже неговото име – рече Бабиќ, отворајќи го нападот врз еден од најпознатите српски спортисти.
Ѓоковиќ на Вимблдон ги движеше рацете и тупаниците ритмично надолу, настрана и нагоре, како дел од кратка кореографија по победите. Неговата ќерка Тара дури го демонстрираше истиот танц од трибините.
„Пумпањето“ има двојно значење. Ѓоковиќ објасни дека кореографијата е семеен ритуал инспириран од песните „Pump It Up“ и „Baci sve sa sebe“, во која се појавува фразата „pumpaj, pumpaj“.
Но „Pumpaj!“ во Србија веќе беше препознатлив слоган и симбол на студентските протести, а самиот Ѓоковиќ своевремено призна дека постои и „симболична паралела“.
Тенисерот повеќепати испраќаше пораки на поддршка за студентите, а особено внимание предизвика на Вимблдон во 2025 година.
По една од победите на Централниот терен, Ѓоковиќ со рацете го имитираше „пумпањето“. Гестот веќе беше препознатлив симбол на студентските протести во Србија.
– Не знам што му требаше да пумпа среде Лондон. За кого? – рече Бабиќ, употребувајќи и вулгарен збор во нападот врз Ѓоковиќ.
Бабиќ сега токму тој момент го претвори во центар на нападот.
– Каде ја изгради својата политичка позиција за да можеш да пумпаш за луѓе што не ги познаваш? – праша тој.
Бабиќ во последниот период јавно застанува зад Вучиќ и во свои политички видеа го нарекува „мој лидер“. Само неколку дена пред нападот врз Ѓоковиќ објави видео во кое го споредува Вучиќ со претставник на студентско-политичката опозиција.
Нападот врз тенисерот го заврши со уште едно прашање за неговиот однос кон политиката во Србија.
– Дали те мачи кој ќе ја води твојата земја? – рече Бабиќ.
Tagged as:
„ПУМПАЊЕТО“ НА ЃОКОВИЌ РАЗБЕСНИ ЧОВЕК БЛИЗОК ДО ВУЧИЌ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
