Британскиот воздушен маршал сер Џони Стрингер, кој е заменик на врховниот сојузнички командант на НАТО за Европа, предупреди дека Владимир Путин станува „сè посамоуверен, опасен и подготвен да презема ризици“ додека војната во Украина се одолговлекува.
Говорејќи на безбедносната конференција во Талин, Естонија, Стрингер оцени дека рускиот претседател разгледува повеќе начини за создавање поделби меѓу сојузниците и за слабеење на западната поддршка за Украина.
Според Стрингер, Москва може да продолжи со активности во „сивата зона“ – саботажи, шпионажа и инциденти со руски дронови и други средства во близина или во воздушниот простор на земјите на НАТО.
Тој предупреди дека границата меѓу случаен и намерен инцидент може да биде многу тенка, особено кога руските системи за електронско попречување и GPS-џеминг влијаат врз летот на дроновите. Сепак, тој нагласи дека можноста Русија да ја зголеми таквата активност не значи дека Москва веќе донела одлука да го направи тоа.
Стрингер предупреди дека членките на НАТО треба да бидат свесни за „напнатото опкружување“ и внимателно да одмерат како ќе одговорат, бидејќи Путин би сакал да ја испровоцира Алијансата на „прекумерна реакција“.
Неговата оценка доаѓа во време на зголемена загриженост во европските земји поради руските хибридни активности и повремените инциденти со дронови. Тој посочи дека Русија се обидува да ја искористи несигурноста и различните проценки меѓу сојузниците за да создаде поделби во НАТО.
Полскиот премиер, Доналд Туск минатата недела изјави дека Русија би можела да цели кон земји-членки на НАТО со напади со дронови или со ракети, под изговор дека биле случајни. Францускиот претседател, Емануел Макрон се согласи и побара од својата влада да подготви план за заштита на клучната инфраструктура од напади со дронови и кибер-напади.
Други европски функционери велат дека заканата од Русија е сериозна, но повикаа на смиреност.
Финскиот претседател Александар Стаб рече дека Русија не сака отворена војна со НАТО, но се обидува со заплашување за да ја натера Европа да ја намали својата поддршка за Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
