Бранот на иселување од земјава можеби е намален, но за официјална слика ќе треба да се почекаат статистичките податоци на крајот од годината, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за 4ТВ.
– Има впечаток, иако статистичките податоци ќе ги видиме на крајот на годината, дека тој бран е нешто малку намален – рече таа.
Како еден од показателите за тоа таа ги посочи податоците поврзани со учебниците кои се доставуваат до училиштата.
Едно училиште пријавило девет новодоселени деца, додека друго пријавило 11 ученици кои се доселиле во Македонија во текот на месецот.
– Се надевам дека ќе најдеме некој стабилен баланс и конечно престанување на иселувањето на нашите деца – изјави министерката.
На прашањето во кои региони се забележуваат ваквите движења, Јаневска рече дека ситуацијата е различна, но дека во моментов предничат источните делови од земјата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
