„Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу нашите две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот“ – напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
„Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите кои носат подобар живот за граѓаните. Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер“ – пишува во објавата премиерот Мицкоски.
Тој нагласува дека Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО.
„Заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството. Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси. Градиме пријателства, создаваме можности и работиме Македонија да биде економски посилна и почитувана држава, порача македонскиот премиер.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
