Воен авион се урна во американска воздушна база во западна Германија, соопштија денеска локалните власти, при што според извештаите едно лице е повредено.
Итни служби се распоредени во воздушната база Шпангдалем, која се наоѓа на околу 160 километри западно од Франкфурт, во близина на границата со Луксембург, пренесе ДПА.
Властите во округот Битбург-Прим, каде што се наоѓа базата, соопштија дека во моментот не се во можност да дадат повеќе детали за инцидентот.
Американската војска сè уште се нема огласено со коментар.
Во воздушната база Шпангдалем е сместена ескадрила борбени авиони Ф-16 која брои околу 20 летала што ги поддржуваат операциите на Американското воздухопловство и НАТО ширум светот. Таа се смета за една од најважните воздухопловни бази на американската армија.
Американски борбен авион Ф-16 се урна во близина на базата за време на рутински тренажен лет во октомври 2019 година, при што пилотот успеа да се катапултира пред ударот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
