Background

ВРЕМЕ Е ЗА МАКЕДОНСКА ИНВЕСТИЦИСКА СМЕТКА

Проширувањето на понудата на пазарот на капитал со нови финансиски инструменти, нови емисии на акции и обврзници е еден од главните предизвици за Македонската берза, истакна денеска главниот извршен директор на Македонската берза Иван Штериев, на Годишната конференција на Берзата што се одржува во Охрид по повод 30 години од нејзиното основање.

Тој посочи дека вкупниот промет на Македонската берза заклучно со 15 септември изнесува околу 89,8 милиони евра, што е околу осум отсто помалку од истиот период лани. Класичното тргување е намалено за 27 отсто, додека блок-трансакциите се зголемени за околу 159 отсто. МБИ10 на 15 септември изнесувал 9.151 поен, што е за 8,9 отсто помалку во однос на крајот на 2025 година.

– На плиток пазар, како нашиот, со мал број активни учесници, и релативно мали промени во расположението можат значајно да се почувствуваат – рече Штериев.

- Advertisement -
Ad image

Како една од конкретните активности за проширување на понудата го посочи проектот со ЕБОР за подготовка на домашните компании за пазарно финансирање.

– За десет места се пријавени повеќе од 20 компании. Финалната селекција ќе се направи набрзо. Останува да се надеваме дека од оваа прва група компании ќе произлезе некоја што ќе каже: подготвени сме да ја отвориме и вратата на пазарот на капиталот – истакна Штериев.

Тој најави и конкретни придобивки од регионалниот проект Junctus, во кој Македонската берза учествува со уште седум берзи од Централна и Југоисточна Европа.

– Прв конкретен резултат што го очекуваме од „Junctus проектот“ е регионален ЕТФ, со вклучување на неколку акции од нашиот пазар и со последователна котација на овој ЕТФ и на Македонската берза – рече Штериев, додавајќи дека планот за негово лансирање е во втората половина на 2027 година.

Тој се осврна и на зголеменото вложување на домашните инвеститори во странски хартии од вредност, посочувајќи дека минатата година прометот во странство, преку домашните членки, надминал 110 милиони евра, а во првите шест месеци годинава надминал 89 милиони евра.

– Затоа е време и кај нас сериозно да разговараме за воведување на т.н. „македонски инвестициски сметки“ – рече Штериев, оценувајќи дека со ваков модел би можело да се поттикне долгорочното вложување и поголемото учество на граѓаните на пазарот на капитал.

Тој ја нагласи и потребата од започнување на примената на новата законска регулатива усогласена со европските правила, како и тесна координација со Министерството за финансии и Комисијата за хартии од вредност.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази рече дека еден од клучните предизвици е активирањето на пасивниот домашен капитал.

– Како регулатор ја нагласуваме потребата од будење на овие пасивни милијарди денари. Граѓаните и компаниите располагаат со значителни заштеди и наша задача е да создадеме услови дел од тој капитал да препознае дополнителни можности за инвестирање преку пазарот на капитал- рече Абази.

Според неа, пазарот на капитал не треба да се гледа како конкурент на банкарското кредитирање, туку како негово дополнување, особено за финансирање поризични и иновативни проекти.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation