Фудбалската федерација на Македонија би можела да добие најмалку 10 милиони долари дополнителни средства доколку ФИФА го прифати предлогот дел од своите милијарди долари резерви директно да им ги распредели на сите 211 национални федерации.
Станува збор за вкупно околу 2,1 милијарди долари, а предлогот е парите да се распределат во циклусот 2027–2030, над средствата што веќе се предвидени преку програмата FIFA Forward. За ФФМ засега нема одобрени пари – Македонија би влегла во распределбата само доколку иницијативата биде прифатена под еднакви услови за сите членки.
Иницијативата се темели на проценката дека ФИФА по циклусот 2023–2026 ќе располага со резерви од околу 6 милијарди долари, највисоки во нејзината историја. Пред следната седница на Советот на ФИФА на 15 октомври се бара независна анализа што треба да покаже колкав дел од резервите може да се подели без да се загрози финансиската стабилност на организацијата.
Според предлогот, дури и по распределбата резервите на ФИФА во следниот циклус не би паднале под околу 1,5 милијарди долари. Конечната сума, сепак, би зависела од финансиските резултати и од одлуките на органите на ФИФА.
Зад иницијативата стои и многу поголема битка околу начинот на кој ФИФА треба да го финансира развојот на фудбалот.
Предлогот следува по напуштањето на проектот FIFA Forward Enterprise (FFE), со кој се разгледуваше влез на надворешен приватен капитал преку продажба на удел во комерцијалните права поврзани со натпреварувањата на ФИФА. Проектот наиде на силен отпор и беше повлечен.
Новата иницијатива практично нуди поинаква формула – наместо развојните пари да се обезбедуваат преку продажба на удел на инвеститори, се предлага тие да се земат директно од големите резерви на ФИФА. Предлогот допрва треба да ја помине институционалната процедура, а ФИФА сè уште нема јавно да се произнесе за него.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
