Венецуелската влада и опозицијата во државата се пред постигнување договор за префрлање на златните резерви на централната банка, во вредност од околу 4 милијарди долари, од Банката на Англија до Федералната резервна банка на Њујорк, објави „Фајненшл тајмс“.
Договорот предвидува привремената влада предводена од Делси Родригез да добие законска контрола врз златото, но не и право да ги продава резервите, според четири лица запознаени со преговорите. Златото би можело да се користи за владин заем за финансирање на трошоците на владата, вклучително и за обнова на земјата по разорните земјотреси во јуни.
Потенцијалниот договор за златните резерви е еден од првите конкретни резултати од преговарачкиот процес поддржан од САД меѓу привремената влада и опозицијата. Доколку договорот биде финализиран, тој ќе го заврши седумгодишниот спор околу златните резерви, што почна во 2019 година, кога САД, Велика Британија и некои други влади го признаа опозицискиот политичар Хуан Гваидо, тогашен претседател на Националното собрание, за легитимен претседател на земјата.
Опозицијата тврди дека има контрола врз златото, што венецуелската централна банка го чува во трезорите на Банката на Англија. Во одреден момент, правниот спор стигна до Врховниот суд на Велика Британија, наведува „Фајненшл тајмс“. Договорот се уште не е финализиран и процесот на разјаснување на техничките детали може да потрае некое време, велат изворите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
