Background

СТАН ОД 50 КВАДРАТНИ МЕТРИ ПРОДАДЕН ЗА 168.000 ЕВРА

Во првата половина од годината, според податоците на Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар најскапо продадени биле стан во Центар, куќа во Карпош и деловен простор во Аеродром.

Станот има 50 квадратни метри со 4 квадратни метри помошни простории. Тој е продаден за 168.000 евра или за квадратен метар купувачот платил 3.360 евра.

Во скопската општина Карпош, пак, е продадена најскапата куќа која има 575 квадратни метри, а се наоѓа на земјиште со површина од 1.731 квадратни метри. Истата е продадена за 1,5 милион евра.

- Advertisement -
Ad image

Најскапиот деловен простор, пак, е продаден во општина Аеродром. За него се платени 6,7 милиони евра и има 3.478 квадратни метри.

Просечните цени покажуваат друга слика

Но, појасна слика за цените на недвижностите се добива ако се анализираат просечните цени постигнати во купопродажбите.

Во истиот период, просечната цена на становите во Центар изнесувала 1.547 евра кај старата градба и 1.712 евра кај становите од инвеститори, додека во Карпош, просечната цена на старите градби изнесувала 1.523 евра, а кај инвеститор 1.167 евра за квадратен метар. Во Аеродром просекот на цена за квадрат кај старите градби изнесува 1.751 евро, а кај инвеститор  1.300 евра.

На скопските општини со високи цени им конкурира Охрид каде што просечната цена на старите градби изнесувала 1.299 евра, а кај инвеститорите 1,046 евра.

Најниски просечни цени се евидентирани во Струмица и тоа 719 евра за квадратен метар кај старата градба и 689 евра кај становите од инвеститори.

Пазарот на недвижнини бележи раст 21,3%

Регистарот на Катастарот покажува дека пазарот на недвижности во земјава во првата половина од 2026 година бележи умерен раст на активноста, со регистрирани 16.126 трансакции, што е за 2,2% повеќе во однос на истиот период лани. Од нив, 11.395 се купопродажби, а 4.731 се закупи, при што вкупната вредност на купопродажбите достигнала 625,7 милиони евра, или 21,3% повеќе од првата половина на 2025 година.

Податоците покажуваат дека најголем удел во купопродажбите имаат становите и земјоделското земјиште и шумите, додека становите се и категорија со најголема вкупна вредност на реализираните трансакции.

Истовремено, просечните цени на становите во повеќе општини бележат раст, а вкупниот износ на месечните закупнини е зголемен за 29,4%.

Вкупната вредност на купопродажбите на пазарот на недвижности во првата половина од 2026 година достигнала 625,7 милиони евра, што е зголемување за 109,7 милиони евра, односно за 21,3% во однос на истиот период од 2025 година, кога изнесувала 516 милиони евра.

Најголема вредност на купопродажбите во првото полугодие од 2026 година е реализирана кај становите, со 289,1 милиони евра. Потоа следуваат куќите со 101 милион евра, деловните простори со 98,3 милиони евра и градежното земјиште со 52,6 милиони евра.

Кај земјоделското земјиште и шумите е регистрирана вредност од 39,9 милиони евра, кај индустријата 21,5 милиони евра, кај останатите недвижности 20,9 милиони евра, а кај гаражите 2,4 милиони евра.

Најзначително зголемување на вредноста на купопродажбите во однос на првата половина од 2025 година е забележано кај деловните простори, со раст од 80,7% – од 54,4 на 98,3 милиони евра. Намалување на вредноста е забележано кај земјоделското земјиште и шумите, каде што таа се намалила од 41,7 на 39,9 милиони евра, односно за околу 4,3 %.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation