Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември 2001 година, Македонија им оддава почит на жртвите и на сите кои покажаа храброст во справувањето со последиците од нападите во САД.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод годишнината, порача дека земјава останува цврсто на страната на Соединетите Американски Држави во борбата против тероризмот и во заштитата на мирот, слободата и демократијата.
„Дваесет и пет години по 11 Септември, се сеќаваме на невините животи што беа изгубени и им оддаваме почит на исклучителната храброст на оние кои беа на првата линија“, наведува МНР.
Од Министерството посочуваат дека жртвите од нападите никогаш нема да бидат заборавени.
„Цврсто стоиме со Соединетите Американски Држави во спротивставувањето на тероризмот и во одбраната на мирот, слободата и демократијата. Никогаш нема да заборавиме“, порачаа од МНР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
