Background

Европската централна банка ги зголеми каматните стапки во еврозоната за 0,25% процентни поени со проценка дека инфлацијата треба да остане над целта од 2% подолг период поради зголемувањето на цените на енергијата

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки во еврозоната за 0,25% процентни поени со проценка дека инфлацијата треба да остане над целта од 2% подолг период поради зголемувањето на цените на енергијата.

Од 16 септември, каматната стапка за рефинансирање на банките ќе биде 2,65%, а каматната стапка за банкарските депозити преку ноќ ќе биде 2,5%. Во иднина, комерцијалните банки ќе плаќаат каматна стапка од 2,9% за кредити преку ноќ.

Инфлацијата повторно се забрза во август, на 3,3%, сигнализирајќи го најсилниот раст на цените во последните 3 години. Цената на енергијата порасна за дури 14,3%.

- Advertisement -
Ad image

„Конфликтот на Блискиот Исток продолжува да создава инфлаторни притисоци и инфлацијата ќе остане значително над целното ниво подолг временски период“, соопшти одборот на директори на банката.

ЕЦБ ја дефинира стабилноста на цените како стапка на инфлација од 2%.

Инфлацијата во Еврозоната треба да изнесува во просек 3% годинава, според основното сценарио.

Според очекувањата на ЕЦБ, во четвртиот квартал од оваа година, според пазарните претпоставки за цените на енергијата, таа треба да достигне 3,6%, а потоа да ослабне во првите месеци од 2027 година

Проценката за основната инфлација во 2027 година е дека таа ќе порасне за 0,4 процентни поени, на 2,5%, притоа нагласувајќи ги индиректните последици од повисоките цени на енергијата.
Во 2028 година, треба да изнесува 2,1%.

ЕЦБ очекува економската активност во еврозоната треба да порасне за 0,9 % оваа година, со оценка дека економијата покажува поголема отпорност на шокот предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток отколку што се очекуваше, со посилна домашна побарувачка поддржана од стабилен пазар на трудот, јавни инвестиции и капитални трошења поврзани со вештачката интелигенција од страна на компаниите.

Во 2027 година се очекува раст од 1,4%, додека пак во 2028 година од 1,5 %.

Проекциите за 2026 и 2027 година се ревидирани нагоре, главно поради поголемата од очекуваната отпорност на економијата на еврозоната.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation