Background

ВРХОВНИОТ СУД ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА ТЕШКАТА СООБРАЌАЈКА НА „ДУРМО ТУРС“

Советот за казниви дела при Врховниот суд ја укина правосилната пресуда за автобуската несреќа на „Дурмо турс“ кај Ласкарци, во која на 13 февруари 2019 година загинаа 16 лица, а 37 беа повредени.

Со одлуката се укинуваат претходните судски одлуки, по што осудените кои веќе ги издржуваат затворските казни ќе излезат од затвор.

Со укинувањето на пресудата предметот се враќа на повторно одлучување, што значи дека судската постапка продолжува и за нив одново ќе треба да се утврдува кривичната одговорност.

- Advertisement -
Ad image

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Македонија што ја донесе одлуката е во состав: претседателот на Судот Африм Фидани, известителот на предметот Џемали Саити, Сафет Кадрии, Цветанка Периќ и Мирјана Лазарова-Трајковска.

Во предметот беа обвинети шест лица – сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, одговорното лице за транспорт во компанијата Ремзи Мифтари, возачот Маноил Трифуновски и тројца вработени во станицата за технички преглед. Првите тројца беа обвинети за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а останатите за соучество во истото кривично дело.

Судењето во Кривичниот суд го водеше судијката Дијана Груевска-Илиевска. Случајот се судеше со години, а во текот на процесот беа изведени повеќе вештачења за техничката исправност на автобусот и причините за несреќата, како и супервештачење.

Обвинителството не беше задоволно од првостепените казни, па по жалба, во мај 2025 година Апелација Скопје им ги зголеми. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари наместо по 6 добија по 10 години затвот, а двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски наместо по 5, добија по 7 години затвор. Јане Боваровски остана со 5 години затвор, а возачот Маноил Трифуновски со 14 години казна затвор.

По правосилноста на пресудата, извршувањето на казните беше одложувано за дел од осудените, меѓу другото и поради здравствени причини. Белули во 2026 година сепак почна со издржување на 10-годишната казна во „Идризово“.

Несреќата се случи кога автобусот на „Дурмо турс“, кој сообраќаше на релацијата Скопје–Гостивар, излета од автопатот кај селото Ласкарци. Загинаа 16 патници, а повеќе од 30 лица беа повредени.

Новото одлучување треба да покаже дали обвинетите повторно ќе бидат прогласени за виновни и какви санкции евентуално ќе им бидат изречени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation