Селма Хајек го прослави својот 60. роденден на начин кој веднаш привлече внимание – актерката објави фотографии на кои е гола и се капе во море, со телото делумно покриено од брановите.
Хајек наполни 60 години на 2 септември, а фотографиите ги објави неколку дена подоцна. На едната лежи насмеана во плиткото, додека на другата е свртена со грбот кон камерата и ужива во морето. Без шминка и со видливи седи прамени во долгата коса, актерката со објавата испрати едноставна порака: – 60 и благодарна.
Фотографиите предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, а комплиментите стигнаа и од познати личности. Еден од коментарите ја опишува како „безвременска“, додека други ѝ честитаа за самодовербата и начинот на кој ја прифаќа возраста.
Нејзиниот избор не е целосно изненадување. Хајек и претходно отворено зборуваше за тоа дека не гледа причина жените, со годините, да престанат да го слават своето тело и да уживаат во животот. На 58 години позираше за „Sports Illustrated Swimsuit“, а тогаш рече дека никогаш не би поверувала дека на таа возраст ќе се најде во такво списание.
Актерката со години објавува фотографии во костими за капење и без ретуширање. Уште во 2021 година зборуваше за тоа дека објавувањето вакви фотографии за неа е ослободувачко и дека нема причина да се срами од нив.
Нејзиниот 60. роденден инаку бил одбележан и со прослава во Рим, каде што меѓу гостите биле и некои од нејзините славни пријатели. Хајек неодамна стана и баба, откако нејзиниот посинок Франсоа Пино помладиот доби син. Актерката тогаш сподели дека бебето ќе го вика „Панчито“.
Tagged as:
Актерката без шминка и со природни седи влакна објави фотографии од море
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
