Вчеравечер во црквата „Св. Софија“ во Охрид се одржа свечениот концерт „Македониум“, кој беше поддржан од Општина Охрид, како дел од празничната програма посветена на одбележувањето на 35 години од независноста на Република Македонија.
На концертот настапија истакнатите музички уметници Соња Шуплевска – виолина, Марија Јаќимовска – флејта, Петар Колевски – кларинет, Орце Ицкоски – фагот и Давор Јордановски – пијано и автор на музиката.
Концертот беше посветен на македонското музичко творештво и одбележувањето на значајниот јубилеј, при што беа изведени дела од македонската музика.
Во рамки на празничната програма, во Охрид беа реализирани и повеќе други настани: креативната интерактивна работилница за деца „Колку ја познаваме нашата татковина“ на Драмското студио „Цвет“, Меѓународниот фестивал – Смотра на ветерани „Заиграј на оро“, изложбата на дела на познатиот уметник Јордан Манасијески „Уште една средба со светлината“, изложбата на подводни фотографии на клубот „Акватек“, како и настанот „15 години Охридска Визита“ на ВИС „Билјана“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
