Снимка од прославата на првиот роденден и крштевањето на Арија, ќерката на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, повторно го привлекува вниманието на јавноста, но овојпат поради пародијата на инфлуенсерката Валентина Ѓорѓевиќ, позната како Нечикоси.
На големата прослава во Белград, меѓу бројните познати гости беа и Лепа Брена и Џејла Рамовиќ. Во еден момент Џејла го зеде микрофонот и ја запеа „Робиња“, хитот на Брена. Потоа Брена ѝ се придружи, а на снимките од прославата се гледа како ѝ го зема микрофонот и продолжува сама да ја пее својата песна.
Токму тој момент стана еден од најкоментираните од прославата. Сега Нечикоси го пресоздаде во својот хумористичен скеч, имитирајќи ја целата ситуација и на комичен начин претставувајќи го „грабањето“ на микрофонот. Нејзината снимка брзо привлече внимание на социјалните мрежи.
Најинтересно е што пародијата не ги навреди оние што беа дел од оригиналната сцена. Напротив, Лепа Брена се приклучи на шегата и ѝ остави коментар на инфлуенсерката:
– Добредојдена си на секоја наша прослава, па да пееме сите заедно.
Под нејзиниот коментар Брена дополнително напишала:
– Ние сме хит семејство! Сите сме луди тотално.
Со свој коментар се јавила и мајката на Александра, Борка Михајловиќ, која кратко напишала: „Царице“.
На видеото реагираше и Александра Пријовиќ, која напиша:
– Не престанувам да се смеам веќе два часа. Кралице!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
