Поранешниот директор на „Државна лотарија“ кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава се предадел на органите на прогонот, откако беше во бегство.
Во 05:35 часот, Перпарим Бајрами од Куманово, роден на 10 февруари 1993 година, самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи.
По Бајрами беше распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик.
Мерката е потврдена, по што Бајрами е лишен од слобода и ќе биде спроведен на понатамошна постапка пред надлежните органи.
Со ова, по Артан Груби, уште едно лице по кое се трагаше е ставено на располагање на органите на прогонот.
Во случајот обвинети се и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште шест лица. Груби, кој исто така повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, се предаде на Блаце во февруари годинава, по што му беше определен куќен притвор.
Судењето за случајот продолжува во петок.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
