Подводни културно-историски знаменитости во Охридското Езеро. (06.09.2026) „Подводната фотографија не е само фотографирање. Таа е нуркање во еден тивок, таинствен и недопрен свет. Свет во кој светлината има поинаква боја, движењето има поинаков ритам, а времето како да застанува. Секоја фотографија пред нас е еден миг заробен во вода, но истовремено и една приказна. Приказна за природата, за животот, за светлината и за човековата љубопитност да го открива непознатото.“ – Никола Митровиќ Бабе Изложба на подводни фотографии, видео тура и каталог. Настан посветен на подводното културно и историско наследство на Охридското Езеро. Особена благодарност до Никола Митровиќ Бабе за прекрасното отворање и за зборовите со кои на најубав начин ја долови суштината на изложбата. Ви благодариме што нурнавте под површината.
Проектот “Подводни културно-историски знаменитости во Охридското Езеро”, имплементиран од Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид, финансиран од Општина Охрид, во соработка со Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид има за цел презентација и промоција на подводното културно и историско наследсво во Охридското Езеро и унапредување на подводниот и културен туризам во Охрид.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
