Background

Честика од Рубио за Денот на независноста

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија.

„Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на Северна Македонија, додека славите 35 години независност. Соединетите Американски Држави се горди што стојат покрај Северна Македонија како доверлив сојузник и партнер. Северна Македонија игра важна улога во зајакнувањето на безбедноста и стабилноста низ целиот регион преку нејзината посветеност на нашата заедничка одбрана и соработка во борбата против тероризмот и напорите за сајбер безбедност“, се наведува во честитката од Рубио објавена на веб страницата на Стејт департментот.

 

Фото: Принтскрин
- Advertisement -
Ad image

Американскиот државен секретар го поздравува континуираниот раст на економското партнерство, вклучително и преку овогодишниот Стратешки дијалог во Вашингтон.

„Заедно, ги унапредуваме можностите во енергетиката, инфраструктурата, технологијата и другите сектори за зајакнување на просперитетот во двете наши земји. Ви посакуваме радосен Ден на независноста и континуиран мир, безбедност и просперитет во годините што доаѓаат“, порача Рубио.

Честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста, упати и Амбасадата на САД во Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation