Маж од Тетовско две одини ја уценувал бившата партнерка да му даде пари за да не објави јавни видео снимки со експлицитна содржина.
Деновиве, сепак ги објавил, по што жената го пријавила во полиција.
Полицијата го уапси, а од неговиот дом, при претрес одзеде мобилен телефон и лаптоп.
„На 7.9.2026 година, полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишија од слобода З.Ѓ.(48) од селото Долно Седларце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 152-а во врска со член 24 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер. Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска. Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе наврати ѝ барал парични средства за да не ги објави снимките“, соопшти полицијата.
З.Ѓ е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава, се додава во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
