Во првата половина од 2026 година најскапо платениот стан во Србија изнесувал 2,6 милиони евра, во Белград, општина Стари Град, што воедно е и најскапиот квадратен метар – 12.000 евра, објави денеска српскиот Републичкиот геодетски завод.
Најскапата куќа е продадена на територијата на белградската општина Савски Венац, за 2,1 милиони евра, а најскапиот гаражен простор е платен за 77.000 евра, на територијата на Стари Град.
Пазарот на недвижности во Србија во првата половина од годината вредел 4,2 милијарди евра, што претставува раст од 10,1 процент во споредба со првата половина од 2025 година, а бројот на договори за продажба изнесувал 61.343, односно 0,2 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Во овој период, исто така, се забележува продолжување на умерениот раст на цените на становите со годишна стапка на раст од 5,25 проценти, се вели во соопштението. Најголемиот дел од парите на пазарот на недвижности беа инвестирани во станови и изнесуваа 2,5 милијарди евра, што е 61 процент од вкупната тргувана вредност.
Осум отсато односно 328 милиони евра беа издвоени за купување куќи, 282,8 милиони евра или 7 проценти за градежно земјиште, 212,9 милиони евра (5%) за деловен простор и 125,6 милиони евра (3%) за земјоделско земјиште.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
