Наjпозитивен настан е самиот чин на осамостојувањето на Македонија, а најнегативен е промената на уставното име, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, прашан да издвои еден настан, кој го смета за позитивен и еден за негативен од осамастојувањето на Македонија до денес, а по повод утрешното одбележување 35 години независност.
– Има многу настани што би можеле да ги подведеме и во едната и во другата група. Еве, како еден од најпозитивните би го издвоил осамостојувањето на Македонија. Конечно, по многу векови, имаме своја сопствена, самостојна и независна држава, од пред 35 години па наваму, не во рамките на одредена федерација, не во рамките на одреден сојуз, туку токму она што го посакувале огромен број генерации, многу генерации од нашите предци. За мене лично, една од најцрните дамки што ќе ми остане запаметена, а е негативна, е насилната промена на уставното име. Тоа би го издвоил како една од најцрните дамки на поновата македонска историја – истакна Тошковски во гостување на Канал 5.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
