Босанскиот министер за надворешни работи Елмедин Конаковиќ најави дека ќе ги повлече сите вработени од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Белград, освен амбасадорот и конзулот, со цел да ги сведе односите со Србија на минимум поради постапките на државата по смртта на осудениот воен злосторник и поранешен командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ.
На прес-конференција во Сараево Конаковиќ рече дека нема овластување да ги повлече амбасадорот и конзулот, бидејќи тие се назначени од Државното претседателство, но дека ќе ги повлече другите вработени, чии должности ќе ги извршуваат вработените во амбасадите на БиХ во Црна Гора и во Хрватска.
– Да можев, веднаш би ги прекинал дипломатските односи со Србија. Што можам да направам: Ќе работам на намалување на односите на минимум. Ќе негирам, ќе ја намалам целата комуникација со нив. Ќе ги повлечеме сите луѓе што можеме да ги повлечеме, ќе ги префрлиме конзуларните работи во Загреб и во Подгорица – изјави тој.
Конаковиќ нагласи дека подготвил бројни дипломатски ноти поради однесувањето на Србија.
– Денес направивме неколку нацрти, испраќавме писма по ред, со разни пораки. Прво, јавно ја прашувам ЕУ – Дали навистина ги почитувате вашите принципи? Дали го штитите она што нè обврзавте да го следиме? Ова е примарно прашање на безбедносната политика – рече министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина.
Тој најави дека ќе оствари многу телефонски повици, можеби дури и некои посети, бидејќи оцени дека ова е примарно прашање за Босна и Херцеговина, додавајќи дека ЕУ „мора да покаже дали ќе го толерира она што никогаш не би го направила во Унијата“.
Тој наведе дека „денот е депресивен и тежок“, а причината за одржувањето на прес-конференцијата е „погребот на воен злосторник и однесувањето на властите во Србија, пред сè на Александар Вучиќ и неговите соработници“.
Според него, кулминацијата на величењето на лице осудено за воени злосторства била синоќа на фудбалскиот натпревар меѓу Црвена звезда и Партизан со пораката „Правац Поточари“, додавајќи дека тоа е „последен аларм“.
Тој оцени дека Вучиќ ја враќа Србија во 1990-тите, но дека ситуацијата во БиХ не е како 1990 година.
– Нема да дозволиме никој повторно да го прави она што го направија криминалците. Нема да кажам дека војната бара двајца. Војната бара Србија каква што ја гледаме сега. И ние сме свесни за тоа и затоа ќе работиме на спречување на некои конфликтни ситуации – рече Конаковиќ.
Хашкиот осуденик Ратко Младиќ беше погребан денеска во семејната гробница на гробиштата Топчидер во Белград со црковни обреди и воени почести, а меѓу илјадниците луѓе во погребната поворка беа и некои министри на српската влада и функционери на Република Српска. Според извештаите и снимките од белградските медиуми, беа видени бројни сегашни и поранешни функционери на Србија и Република Српска, меѓу кои и српските министри за правда Ненад Вујиќ, министерот за култура Никола Селаковиќ, за одбрана Братислав Гашиќ, за локална самоуправа Дарко Глишиќ, поранешниот претседател на Република Српска Милорад Додик, како и рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
