Background

Пожарникарите вчера имале многу интензивен ден, Скопска Црна Гора останува најголем предизвик

Пожарот на македонско-косовската граница кој беше активен неколку дена е целосно изгаснат и нема опасност од нов чад за скопјани, информира првиот човек на Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

– Во овој момент нема горење ниту од македонска, ниту од косовска страна и нема да предизвикува загаденост на воздухот во Скопје – рече Ангелов истакнувајќи дека неделата, 6 септември, бил еден од најинтензивните денови за пожарникарите воаа сезона.

Во неделата избувнале повеќе од 40 пожари на отворено, од кои 30 се изгаснати, додека 4 остануваат активни.

Се гасне пожарот кај Рамно, пак се активира пожарот кај Милетин 

- Advertisement -
Ad image

Најголемиот предизвик за пожарникарите останува пожарот кај Рамно, на Скопска Црна Гора. Утрово во гаснењето се вклучи и полициски хеликоптер.

На терен работат скопските пожарникари и огнените тимови на ДЗС. Вклучени се и неколку тима од Национални шуми. Армијата испрати 30 припадници за заштита на објектот на врвот Рамно.

Пожарот кај Милетин, во Општина Брвеница, повторно се активира во текот на ноќта. Пожарникарите и тим на ДЗС го ставија под целосна контрола во раните утрински часови.

Цела ноќ битка со огновите кај Ругинце

Пожарникарите го изгаснаа и пожарот кај Ругинце, во Општина Старо Нагоричане. Ангелов им се заблагодари на екипите од Старо Нагоричане и од Ранковце.

– Пожртвувано, изложувајќи се на ризик, работеа во текот на ноќта и успеаја да го изгаснат тој пожар кој зафати, би рекла, огромна површина – рече Ангелов.

Активен останува и пожарот кај Белица, во Општина Македонски Брод. Теренот е тешко пристапен, а на одредени места е целосно непристапен.

Пожарот кај Тајмиште е под контрола

Пожарот кај Селци и кај Локов во текот на ноќта значително ослабе. Утрово повторно покажа знаци на горење. На терен излегоа пожарникарите од Струга, а по потреба ќе биде испратен и воздухоплов.

Пожарот кај Тајмиште, Кичевско, е ставен под целосна контрола.

Ангелов предупреди дека високите температури може повторно да ги разгорат жариштата и да предизвикаат нови пожари.

– Повторно апелирам до сите граѓани да бидат исклучително внимателни, бидејќи доволна е само искра за вистинска катастрофа – порача Ангелов.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation