Background

Осум пожари на отворен простор и натаму се активни низ Македонија, а на повеќе локации гори шума и ниска вегетација

Осум пожари на отворен простор и натаму се активни низ Македонија, а на повеќе локации гори шума и ниска вегетација. Според последната информација од Центарот за управување со кризи, до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор.

Од нив, 8 се активни, 5 се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати.

Во Ѓорче Петров, пожарот кај селата Грачани и Никиштани е активен, а огнената линија се протега и на територијата на Косово, каде што гори шума.

- Advertisement -
Ad image

Во Македонски Брод, гори нискостеблеста и мешана шума кај месноста Кајорец, кон селото Брезница, во близина на репетиторот.

Пожар има и во село Брест, општина Чучер-Сандево, во месноста Рамно, каде што е зафатена мешана шума.

Во село Ногаевци, општина Градско, огнот зафатил ниска вегетација, грмушки и борова шума.

Активен пожар е регистриран и во село Подгорци, Струга, каде што гори ниска вегетација и мешана шума.

Во село Матејче, општина Липково, пожарот зафатил мешана ниска шума.

Над Маврово, на местото викано Чавкарник, гори ниска вегетација, пасишта и мешана шума.

Активен пожар има и кај селата Кнежино и Добреноец во општина Кичево, каде што гори нискостеблеста шума.

Пет пожари во моментов се под контрола. Во Струга, пожарот на потегот Буринец – Локов – Селци зафатил нискостеблеста шума.

Во Македонски Брод, пожарот во Брезница зафатил ниска вегетација и помошен објект.

Под контрола е и пожарот во Копаница, општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Во Кратово гори депонија, а пожар има и на градската депонија во Делчево. Двата пожара се под контрола.

Во текот на денот се изгаснати 11 пожари. Пожари имало во Црвени Брегови во Неготино, на улицата Перо Наков во Гази Баба, во Милетино и Радиовце во Брвеница, во Равен и Форино во Гостивар, во Бедиње и на улицата Ѓорче Петров во Куманово, во Ваксинце во Липково, во Ротино во Битола, во Ново Лагово во Прилеп и на депонијата во Манастирско Доленци во Кичево.

Најголем дел од изгаснатите пожари биле на ниска вегетација, стрништа или ѓубришта, а дел биле регистрирани и на депонии.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation