Background

Шон Ленон стана татко – Јоко Оно на 93 години е по третпат баба

Семејството на покојниот Битлс Џон Ленон доби нов член. Шон Оно Ленон, синот на легендарниот музичар и Јоко Оно, за првпат стана татко, откако со својата долгогодишна партнерка Шарлот Кемп Мул доби син. Момчето го доби името Аурелиус, а веста ја објавија самите родители на социјалните мрежи на 1 септември.

Шон (50) ја сподели првата фотографија од семејството и на својот карактеристично духовит начин ја објави радосната вест.

– Шарлот и јас навистина создадовме човечко суштество! Неговото име е Аурелиус! – напиша тој во објавата. На фотографијата Шон и Шарлот го држат новороденчето, облечени во црно-бели комбинации.

- Advertisement -
Ad image

Името Аурелиус има латинско потекло и се поврзува со значења како „златен“ или „позлатен“. Името го носел и римскиот император и филозоф Марко Аврелиј. Родителите не открија кога точно е родено бебето, а ниту бременоста претходно не беше јавно објавена, па веста дојде како изненадување за јавноста.

Со раѓањето на Аурелиус, Џон Ленон постхумно за првпат стана дедо. Неговиот постар син Џулијан нема деца, па синот на Шон е првото внуче на легендарниот Битлс. Јоко Оно веќе има две внучиња од својата постара ќерка Кјоко Чан Кокс.

Посебен момент во семејната приказна е тоа што првите фотографии на бебето ги направил Џулијан Ленон, полубратот на Шон и постариот син на Џон Ленон од бракот со Синтија Ленон. Џулијан и Шон со години ги отфрлаат шпекулациите дека не се блиски, а Шон во минатото го опишуваше својот полубрат како свој „најдобар пријател“.

 

Шон и Шарлот Кемп Мул се заедно речиси две децении. Се запознале во 2005 година на фестивалот Coachella, а врската ја започнале во 2007 година. Двајцата соработувале и музички, како дуото The Ghost of a Saber Tooth Tiger.

Шарлот, која има 39 години, по раѓањето сподели и фотографии од првите денови со бебето. Во една од објавите се пошегува со непроспиените ноќи и откри дека на малиот Аурелиус веќе му пушта музика од Апекс Твин и Игор Стравински. По веста за раѓањето стасаа бројни честитки од познати личности, меѓу кои Пети Смит, Линдзи Лохан, Парис Хилтон, Вилоу Смит и Фли.

Шон Оно Ленон е единственото дете на Џон Ленон и Јоко Оно. Роден е на 9 октомври 1975 година, токму на 35. роденден на неговиот татко. Во последните години активно работи на зачувување на музичкото наследство на своите родители и на „Битлси“, а во 2024 година филмот „War Is Over! Inspired by the Music of John & Yoko“, на кој работеше како продуцент, освои Оскар за најдобар анимиран краткометражен филм.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation