Повеќе од 130 пријави за пронајдени угинати птици пристигнале до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 24 до 27 август, а досега кај три птици е потврдено присуство на вирусот на Западнонилска треска.
Од АХВ информираат дека вирусот е откриен кај два угинати гаврани пронајдени во Скопје и еден гавран пронајден во Ресен.
Иако бројот на пријави е голем, не сите птици можеле да бидат испитани. Од АХВ објаснуваат дека голем дел од пријавените птици биле во напредна фаза на распаѓање, поради што не биле погодни за земање примероци и лабораториско испитување.
Агенцијата продолжува да ја следи состојбата на теренот за да утврди каде и во колкав обем циркулира вирусот и да го процени ризикот од негово понатамошно ширење.
Надзорот ќе се спроведува низ целата држава и ќе опфати живина што се одгледува во дворови и селски стопанства, птици што се чуваат во оградени или затворени простори, како и водни птици во некомерцијални одгледувалишта.
Од АХВ посочуваат дека досегашното следење веќе потврдило дека вирусот циркулира меѓу птиците во Скопје.
Поради тоа, поединечните случаи на угинати птици во Скопје нема потреба дополнително лабораториски да се испитуваат.
Сепак, граѓаните треба да бидат внимателни доколку на едно место и во краток период забележат поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици.
Таквите случаи треба да се пријават до Агенцијата за храна и ветеринарство.
За поединечни угинати птици во Скопје, пак, граѓаните треба да ги известат надлежните комунални служби, односно ЈП „Комунална хигиена“, за птиците да бидат собрани и соодветно отстранети.
АХВ продолжува со активниот надзор на целата територија на државата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
