Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо јавно го предупреди Раул Асенсио по неговиот нов проблем со законот. Дефанзивецот остана без возачка дозвола откако полицијата го запре додека возеше под дејство на алкохол.
Случајот веднаш привлече големо внимание во шпанските медиуми.
Мурињо доби прашање за фудбалерот на прес-конференцијата пред натпреварот со Бетис. Португалецот не го оспори неговиот професионализам на тренинзите. Напротив, го пофали односот кон работата.
– Разговарав со него кога пристигнав за работи од минатото. Откако пристигнав, повеќе не дискутирам за работи надвор од теренот.
Тренерот потоа откри како Асенсио се однесува во тренинг-центарот на Реал.
– Во Валдебебас, тој е примерен професионалец. Кога беше во форма, никој не тренираше понапорно или подобро од него. Сега тој е првиот што пристигнува, а последниот што си заминува.
Но, по пофалбите стигна и предупредувањето. За Мурињо, обврските кон Реал Мадрид не завршуваат со напуштањето на тренинг-центарот.
– Играч на Реал Мадрид е играч на Реал Мадрид 24 часа на ден, 7 дена во неделата и 12 месеци во годината. Сè што правите надвор од фудбалот е сè уште Реал Мадрид. Тоа значи дека му правите штета на престижот на клубот, кој е недопирлив – вели тренерот.
Најостриот дел од пораката го остави за крај.
– Не сум среќен. Секој прави грешки, но кога грешките се повторуваат, тоа е малку поразлично – рече Мурињо.
Ова не е единствениот правен проблем со кој се соочува Асенсио. Против него се води и одвоена постапка поврзана со нелегална дистрибуција на видео со експлицитна содржина. Во случајот е инволвирано и малолетно лице.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
