Background

Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од годинава порасна за 4,3% во однос на истиот период од 2025 година

Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од годинава порасна за 4,3% во однос на истиот период од 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9% и од 5,1% во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.

Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83,2%.

- Advertisement -
Ad image

Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално растат за 14,5% како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4,0%.

Во првото тримесечје БДП забележа раст од 3,1%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation